Мартин имаше некоја прослава на училиште. Сите деца требаше нешто од дома приготвено да донесат. Никогаш нема да заборавам кога дојде и со воодушевување ми рече: Мамо каква пита со јаболка сум јадел од баба му на Арон, поубава не сум пробал во живот. Уфффф, кај да ја најдам сега бабата си помислив, рецепт да ми даде. Седнав на интернет. Прочитав можеби 100 рецепти.Ќе пробам, па можеби ќе го погодам вкусот на питата. Ни стана омилен..❤
Следи ме
Популарни рецепти
Старинска пита со јаболка
Состојки:
- 500гр. брашно
- 200гр. маст или путер
- 1 прашак за печење
- 1 мала павлака
- 1 јајце
- Малку сол
Фил:
- 1кг. јаболки
- 100гр. кафеав шеќер
- 1 лажица цимет
- 4 лажици гриз
Подготовка:
Тестото се меси и се остава во фрижидер половина час. Јаболката се динстаат со гризот. Половина тесто се расукува во плех, се става филот и со другата половина се покрива.Се избоцкува со вилушка.Се пече на 180 С.
Питата се лади и се посипува со прав шеќер. Препорачувам јаболката да се исецкаат на тенки листови.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















