Често правам Милиброд , a и децата го сакаат. Лесно е за приготвување, само една мана има, потребно е време.Не се прави на брзина. Навечер го правам. Кога сите ќе си легнат и нема да ме прашуваат, уште колку, уште…
Одбрано ми е гајлето за појадок или вечера, па уште со домашен џем од кајсии, рибизли или мед и чаша млеко или кафе, а може и да се замрзне па да ви се најде кога ама баш ништо не ви текнува. Рецептот е на мојот омилен унгарски шеф Kárai Dávid.

















