Еднаш го јадев во многу скап ресторан.Потпечен карфиол беше на мени.Сега кога ќе им направам сметка по дома има да се чудат… Сезона е на карфиол. Го има по пазарите. Го сакам похуван во јајце и презли, потпечен со бешамел, правам и крем супа од карфиол. Оваа идеа за ваков начин да го спремам ја добив од еден многу скап ресторан. Го нарачав и кога ми го донесоа, морам да признам убаво изгледаше, ама мојата реакција беше дека ова можам јас дома да го направам.Знам, најважна е идеата!
Следи ме
Популарни рецепти
Потпечен карфиол
Состојки:
- 1 цела главица карфиол
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажиче: сув босилок
- мајчина душица
- сув магдонос,
- 3 лукчиња истолчени
- сол и бибер
- 2 лажици пармезан
Подготовка:
Карфиолот убаво се мие, се сечат листовите внимателно да не се расцветаат. Маслиновото масло се меша со зачините. Се премачкува со течноста целиот карфиол убаво и во хартија за печење се завиткува од сите страни. Се пече на 210 степени 40 минути. Со нож се проверува дали е омекнат. Карфиолот се посипува со уште 2 лажици пармезан и 10 минити се потпекува без да се покрие. Дресингот е мајонез со павлака.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















