Куглов со мирис на лимон и лаванда

Комбинацијава е фантазија. Ме потсетува на патувањето низ Тоскана. Незаборавно… лавандата е специјална за јадење. Не е онаа од двор или во саксија што расте. Оваа е посебна врста која може да се јаде. Лимонот му дава посебен освежителен вкус. Секогаш купувам органски лимони. Верувам во органска BIO храна.Во кората се најмногу пестициди и отрови.

Модлата за кугловот ми е една од најомилените предмети во кујна. Чиста антика. Не знам точно, ама сигирно е постара од мене. Ја купив во Ecseri, најголемиот пазар на антиквитети во Европа.Се наоѓа на половина час возење со кола од центарот на Будимпешта.Го обожувам.Секогаш кога имам време, а поготово кого имам гости ги носам. И обавезно нешто си купувам. Сешто има, и за секој џеб. Од намештај, предмети за домаќинство, облека…а и можам да се ценкам за цената.Тој дел ми е најинтересен. Ме потсетува на патувањето во Банког. Таму е задолжително да се ценкаш со уличните продавачи, но не и да се мајтапиш. Ако се договориш за цената и ја спуштиш, мора да го купиш, инаку се смета за навреда.

Куглов со мирис на лимон и лаванда

Состојки:

  • 2 јајца
  • 90гр. шеќер
  • 150мл. масло за јадење
  • 150мл. млеко
  • 60мл. сок од лимон
  • рендана кора од лимон
  • 240гр. брашно
  • ½ прашак за пециво
  • малку сол

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот уваво со миксер 3 минути.Се додава маслото,млекото, сокот и ренданата кора од лимон. Сувите намирници се додаваат во матените јајца.Убаво се меша и се пече во куглоф ( предходно намастен со путер и наросен со презли) нема шанси да не ви излезе🙂.Се пече на 175 степени  35 минути. Се потура со глазура од шеќер во прав измешана со неколку капки сок од лимон. Лаванда може да се додаде заради шмек и Тоскана filling.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This