Никогаш не излегува од мода старинската штрудла со афион или како што ја нарекуваат Маковњача….
Овој рецепт ми е најдобар.Вака ја сакам со мнооогу фил од афион. Следен пат ќе пробам со фил од ореви. Ме потсетува на унгарските Bejgli. Ги јадеме околу новогодишните празници. Ги прават класични со мак и ореви, а модерни се сега и со костени, марципан…
Не пијам многу кафија.Едно, а најмногу две на ден. Наутро кога ќе се разбудам си правам кафе, некако тоа ми е ритуал. Си го сервирам во убава шоља, си седнувам во фотеља и обавезно сакам нешто слатко како прилог со кафето.Тоа ми доаѓа како доручек. На пример парче штрудла со афион.Ја направив од вечерта додека сите спиеа. За сабајле. Сакам убаво кога ќе ми почне денот. Без брзање…❤

















