Си разговараме со Карина. Знаете како мајка со ќерка, како јас со мајка ми, како мајка ми со баба ми…за се и сешто. Денес не знам како ми дојде на памет да ја прашам што знае сама да направи за јадење. Има 14 години, паметна е многу, зборува 5 јазици. Почна да реди што може сама… а леб знаеш ли да направиш ја прашувам. На почеток и се виде многу тешко ама ја убедив дека најдов рецепт што многу лесно се прави, и верувам дека може сама да го направи.
Некако и се виде предизвик. Па да пробам вели…
Наша задача како родители е да ги мотивираме децата, да ги подржуваме во нивните желби и сонови и да веруваме во нив..
Успеа! За прв пат Карина направи домашен леб. Јас не и помогнав воопшто само најважното и го кажав: рецептот и вербата дека ќе успее..
Рецепт за леб во кеса, да да кеса и тоа онаа за во замрзнувач..😄Важно не се меси!
Овој рецепт ќе го патентирам. Толку е лесен, може да се употребат разни видови брашно, по желба. Може да се додаде ленено семе, семки од тиква, сончоглед, чија…

















