Пита со афион по старински рецепт послужена во сервисот на баба ми…
Незнаев за афионот дека е толку здрав додека случајно не прочитав во едно списание. Пишуваше дека содржи омега 3 масни киселини кој го подигаат имунитетот и штитат организмот од болести. Во ситното зрно се наоѓаат многу минерали, манган, магнезиум, цинк и калиум кој го потикнуваат доброто расположение, а намалуваат сресот. Сега баш и не сум сигурна колку е добро секојдневно да се консумира, ама јас го обожувам.Унгарците многу го користат. Се сеќавам децата го јадеја во градинка како главно јадење, сварени јуфки и прелиени со мелен афион и шеќер во прав.Некој работи ги прифатив колку и да ми беа чудни.
Ова е стар рецепт за Пита со афион. Се прави со маст за тестото да биде ронливо. Додека го приготвував се потсетив на баба ми.Така елегантна, секогаш стокмена, си имаше нејзини пријателки, женско друштво и си се собираа на ручек еднаш неделно дома. Дедо ми тогаш мораше да дојде кај нас. Знаевме дека баба ми забава си прави дома со другарките.Сакам и јас кога ќе остарам да си се собираме по дома. Ми фалат многу сега. Се слушаме по телефон, се гледаме со камера, ама не е исто.Сервисот за колачи јас си го присвој од баба ми.И чаршавите со бел вез и со чингелајче плетени. До сега сум се селела 7 пати,а на сервисот не смее ништо да му фали. И тој е во пакет со мене.Тоа ми се спомените од детството….❤

















