Полумесеци

Полумесеците мора да се послужат во кристалниот тањир на мајка ми!
Вкус на орев, путер и чоколадо.Омилени ми се. Ги правевме заедно со мајка ми. Јас матам, мајка ми мери, три пати се искаравме додека ги направивме ама знаев дека крајот го краси делото.Тука нема мрдање. Си се знае редот. Се сечат со кристалната чаша стара повеќе од кога знам за себе и ги паметам на родендените наредени по маси низ сред соба, а гостите седнати и наздравуваат со домашно вино од винаријата од подрумот на татко ми…
Ете така. Тоа се вика почит, респект, традиција, минато, корени, педигре.

Никогаш не заборавај кој си и од каде доаѓаш…❤

Полумесеци

Состојки:

  • 6 јаца
  • 600 гр.шеќер
  • 300гр.путер
  • 500гр.ореви
  • 100мл.млеко
  • 2 ванилин шеќер
  • 200гр.брашно
  • 3 реда чоколадо за готвење

Подготовка:

Се мати путерот предходно омекнат на собна температура со 200 гр.шеќер. Се додаваат во матениот путер 200гр. мелените ореви и 200гр.брашно и полека се додаваат зматените  белки.Се заедно овлаш се промешува и во округло, претходно убаво намастено со путер и посипано со брашно се истура смесата, убаво се израмнува и се пече во предходно загреана рерна на 180 степени( да остане меко, недопечено)Се вади од рерна и се лади. 6 жолчки се матат убаво со 200гр.шеќер и 1 ванила. Се потураат врз малку подизладеното  тесто и се суши на 80 степени.

Фил:
Се варат 200 гр. ореви со 100мл.млеко, 200гр.шеќер и 1 ванила и откако ќе се згуснат се додаваат 3 реда чоколадо за готвење и 100 гр.путер.Се лади филот, а и тестото. Врз тестото со жолтиот крем се мачка филот. Одозгора се посипува колачот со 100гр. мелени ореви. Колачот се  сече во вид на полумесеци, штанги  или коцки.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This