Влашка Пита

Се расплакав додека ја правев сликата. Толку многу убавини од дома…. Влашкава пита ме направи уште да сум погорда на мојата  Македонија.

Влашка Пита

Состојки:

  • 1кг. брашно
  • 2 јајца
  • ½ литар благо млеко
  • 1 шоља за кафе масло за јадење
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 коцка маргарин или замена 250 гр. маст

 

Фил:
  • 350 гр. сирење

Подготовка:

Најпрво стасува квасецот во млако млеко со шеќер.Брашното се сее и со останатите состојки се замесува тесто и одма се дели на 3 топки.Секоја се сучи , се мачка со маргарин или маст , се дипли како плико и се расукува правоаголна кора долга и широка колку плехот од рерна.Врз секоја расучена кора и намачкана се става сирење, значи првата и втората, на третата не се става ништо. Се сечат ремени , се вртат и се редат во подмачкан плех. Питата скиснува 1 час. Се премачкува со јаце и по желба се посипува со сусам. Се пече во загреана рерна на 200 степени отприлика 40 мин.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This