Охридски варени гевреци

Варени гевреци… Ретро. Прв пат ги пробав во Охрид кај Чинарот. Македонија е позната по природните убавини. А, Охрид и Охридското езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Според податоците, градот првпат се споменува 2400 години пред новата ера. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Моја препорака е да го посетите!

Сеуште се сеќавам на вкусот. Се чекаше ред. Кој стигне да купи негова среќа. Сега ги има секаде и секакви. Ама спомените не се бришат…❤

Охридски варени гевреци

Состојки:

  • 1 сув квасец
  • 213 гр.брашно
  • 125мл. млака вода
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 30 гр.путер

Подготовка:

Квасецот стасува во водата со шеќерот. Се замесува тесто со брашното, сол и се додава стасаниот квасец и путерот. Се остава 40 минути да стаса. Се формираат гевречиња и се варат во зовриена вода со сода бикарбона 10 секунди. Се посипуваат по желбе со сусам, лeнено семе, семки од чија….Се печат на 200 степени 15 минути.

ОВАА ДОЗА Е ЗА 6 ГЕВРЕЧИЊА.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This