Не сум некој специјалист за правење грав, да бидам искрена долго време не го ни јадев. Признавам, го потценив. Покрај извонредната енергетска вредност, гравот содржи и лецитин, калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум,цинк и натриум. Претставува одличен извор на протеини, нема многу маснотии и холестерол. Ај доста, ве убедив дека е пожелно да се јаде грав почесто.
Тавче гравче е традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се нарача скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во земјени чинии. За убаво тавче гравче, треба бавно готвење, како и за варениот грав, всушност како и за многу македонски традиционални јадења, сите си бараат време…
















