Интегрални Грисини

Таман за пред телевизор за мезе  со добро филмче, со пиво или вино….

Кога прв пат правам по нов рецепт секогаш ја преполовувам дозата, да не ми е мака ако го згрешам.Се мислев како беше рецептот  за интегралните крекери. Не можам да се сетам.  Имаше рецепта со вино или со пиво се замесуваа. Во фрижидер имам лименка пиво, брашна имам, семки имам. Ќе пробам да ги направам.Совршени излегоа. Баш како што ги замислив.И многу излегуваат. Можат и да се замрзнат. Исеков парчиња сирење козјо, ги прелив со  маслиново масло и во теглата ставив многу оригано. Ептен добра комбинација…❤

Интегрални Грисини

Состојки:

  • 100гр. ржано брашно,
  • 100гр. пченкарно брашно
  • 100гр. интегрално брашно
  • 100гр. бело брашно
  • 50гр. семки од тиква
  • 50гр. семки од сончоглед
  • 50гр. чија
  • 100гр. ленено семе
  • 100гр. сусам
  • 200мл. маслиново масло
  • 1 лажица сол
  • пола прашак за пециво
  • 250мл. пиво

Подготовка:

Од горенаведените состојки се замесува тесто, ако е меко може да се додаде брашно уште малку. Се расукува тестото, јас сакам  потенки да се крцкави, и се вадат по желба со модла грисини. Се печат на хартија околу 15 минути  на 180 степени.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This