Нема поубав мирис за мене од зачините кардамом, анисон, ѓумбир, цимет…Овој куглоф не само што е вкусен, туку ќе ја претвори вашата трпеза во вистинска новогодишна приказна. Изобилува со богатство на вкусови и претставува вистинско уживање за љубителите на слатките нешта.
Следи ме
Популарни рецепти
Куглоф со мирис на новогодишни колачиња
Состојки:
- 175гр. омекнат путер
- 100 гр. кафеав шеќер
- ванилин шеќер
- 3 јајца
- 175гр. брашно
- 2 мали лажичиња прашак за пециво
- малку сол
- 1 лажиче кардамон
- 1 лажиче цимет
- 1 лажиче анисон
- 1 лажиче мелен ѓумбир
- 1 лажиче мушкатно оревче
Подготовка:
Путерот се мати со шеќерот, се додава ванилиниот шеќер, јајцата, брашното измешано со прашакот за печење и на крај зачините. Се пече во модла за Куглов предходно намачкана со путер и наросена со презла. Се пече на 180 степени 35-40 минути. Изладен колачот се прелива со 50гр.шеќер во прав, измешан со 2 лажичиња цимет и малку топла вода( треба да е густо).
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти
















