Brioche е за мене еден од најубавите зборови на француски јазик. Се изговара Бриош што значи сладок леб. И не само што звучи убаво, доволно ми е да го гледам и мирисам,а за со кафе…
Биош всушност е врста на леб, се прави со путер, јајца и шеќер и вообичаено е во форма на земичка. Зборот бриош за прв пат се употребува во 1404 година во Франција, а во 18 век достигнува најмногу слава поради огромната употреба на путерот. Се сервира за појадок, со чаша млеко или чај. Може и да се намачка со домашен џем од кајсии или сливи. Цела куќа ми мириса на убавина..❤















