Гундел Палачинки

Ресторанот “Гундел” со своето минато и извонредна кујна се спомнува уште во 19 век во времето на австроунгарската монархија и сеуште важи за еден од најелитните ресторани во Европа. Ресторанот се наоѓа во Будимпешта,  веднаш до Плоштадот на Хероите и Зоолошката градина. Сум била еднаш. Се сеќавам дека јадев палачинки. И како можам да ги заборавам. Не дека не сум пробала до тогаш палачинки ама во таков амбиент,  сервирани во порцелан…Гундел палачинките се мој омилен десерт кој често го правам. Ајде заедно да патуваме низ времето и уживаме… Тањирот е посебна приказна… Herend рачно изработен порцелан. Си има и приказна. Подарок ми е од мојот омилен вујко Мишо за свадба. Не знаев. Кога дојде во Будимпешта на мојата венчавка ме праша што е најкарактеристично да си купи спомен за дома ама јас да го одберам. Се одлучив за Херенд порцелан тањир за ситни колачи и вазна во дизајн на Кралица Викторија. Датира од далечната 1826 година и сеуште до ден денес рачно се изработуваат дезените како Викторија, Ротшилд, Виенски рози, Кралската градина, Мирамаре…

Херендот  беше за кај нас дома…❤

Гундел Палачинки

Состојки:

Тесто за палачинки:
  • 2 јајца
  • 200мл.млеко
  • 3 лажици масло
  • 250 гр. брашно
  • малку сол
  • газирана вода

 

Фил:
  • 100гр. мелени ореви
  • 70 гр. шеќер
  • 70 гр. суво грозје
  • 100мл.вода
  • Рум

 

За чоколаден прелив:
  • 500 мл. млеко
  • 1 ванила
  • 100 гр. чоколадо
  • 3 жолчки
  • 100 мл. слатка павлака
  • 50 мл. вода
  • 1 лажица брашно
  • малку рум
  • 100 гр. шеќер во прав

Подготовка:

Палачинките се спремаат на вообичаен начин( може и ваша омилена рецепта)

За филот се мешаат сите состојки освен румот и се варат 5 минути. На крај се додава румот. Со филот се премачкуваат палачинките.

За чоколадниот прелив- се става млекото со ванила стапче да зоврие, во друг сад на рингла се топи чоколадото, се додаваат јајцата и млекото, добро се меша и се додава слатката павлака( течна хопла) лажица брашно, шеќерот во прав, се добро се меша додека не згусне и се додава румот.

Во секој чинија се става преливот, се положуваат филуваните палачинки, уште малку прелив и се посипува со сецкани ореви.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This