Кнедли

Унгарците многу јадат кнедли. Ги има и готови замрзнати да се купат. Полнети се со се и сешто, на пример со сливи, вишни, чоколадо…

Кнедли со сливи е многу карактеристично јадење, потеклото им е австроунгарско , а во српскиот, унгарски или румунски Банат се нарекуваат Гомбоц. Постои и Чешка верзија, ама тие кнедли се поинакви, по богати, една кнедла, оброк. Името гомбоц  во буквален превод е топче. Постои приказна за австрискиот цар Фердинант прв кој ќе остане запамтен во историјата по прочуената изрека: “Јас сум цар, сакам кнедли!” Не го интересирало кое време е во годината, дали е сезона на сливи или кајсии, го водела помислата дека е цар и мораат да му створат кнедли…иначе ги отпуштал куварите.

Кнедли

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 300 гр. брашно
  • 1 јајце
  • 100гр. путер

 

Прелив:
  • 50 гр. кафеав шеќер
  • 200 гр. презли
  • 50 гр. путер
  • Сливи без коска
  • Цимет

Подготовка:

Компирите  се варат со лушпа. Се пасираат рачно со преса за пире. Пирето се остава да се олади, некој домаќинки го оставаат тестото да се одмара и неколку сати. Се додава брашното, јајцето и  омекнатиот путер.  Се замесува тесто по меко  и се прават кнедли, топчиња со средна големина. Во средината се става модра слива полнета со шеќер и цимет или џем по густ. Се варат во вода што врие со малку сол додека не испливаат на површината. Се растопува путерот и се пржи презлата со постојано мешање со дрвена лажица додека не добие златна боја. Кнедлите се прпелкаат во пржената презла со путер и се додава шеќерот.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This