Царски трошки

Едноставен десерт, вкусен и се прави за 5 минути. Таква е и легендата за Kaiserschmarrn или Царски трошки. Кога царскиот слаткар и приготвувал десерт на Sissi, а јадела само лесни десерти, одбила и да го проба.Тогаш царот Franz Joseph скокнал и рекол: „Na geb’ er mir halt den Schmarren her“ (Мене нека ми ја даде таа глупост) Во слободен превод “царска глупост”.

Царски трошки

Состојки:

  • 3  јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 150 мл. млеко
  • 180 гр. брашно
  • малку сол
  • 2 лажици путер (40- 50 гр)
  • Ванилин шеќер
  • Шеќер во прав

Подготовка:

Се двојат белките и жолчките. Се матат жолчките со шеќерот, се додава брашното и млекото и се мати убаво.Белките посебно се матат со малку сол и овлаш рачно без многу мешање се соединуваат со жолчките.

Во загреана тава се растопува путерот и одеднаш се пече смесата како голема палачинка 3 минути  од едната страна, се сече на 4 дела со вилушка и се превртува на другата страна уште 3 минути. Се сече на помали парчиња со вилушка. Се наросува со шеќер во прав. Се служи со џем или пасирани јаболка или компот од сливи. Може во тестото да се додаде суво грозје натопено во рум!

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This