Crème Brûlée

Во превод значи “прегорен крем” затоа што на крај се запекува шеќерот за да се добие фина крцкава кора, а под нејзе фин кремаст десерт … Првиот рецепт е објавен 1691 година од францускиот кувар Francois Massialot. Традиционално се подготвува со полномасна слатка павлака и ви препорачувам да се направи ден порано, да се остави убаво да се излади и непосредно пред послужување да се направи златна карамел крцкава коричка. Во комбинација со свежо овошје е вистинско уживање…

Bon Appetit!

Crème Brûlée

Состојки:

  • 500мл.слатка павлака
  • 6 жолчки
  • 1 стапче ванила
  • 50 гр. ситен шеќер
  • 8 лажички ситен шеќер за одозгора

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 140 степени Целзиусови. Наполнете длабока тава за печење со зовриена вода која треба да дојде до ¾ од висината на садовите за крем бруле. Варете ја слатката павлака со стапчето ванила( предходно изгребете ја внатрешноста со нож и додајте ја и неа) додека не зоврие, а потоа тргнете го тенџерето од оган. Оставете го настрана 10 минути, додека кремот не се олади до степен да не е прежежок.

Се матат жолчките со шеќерот со рачна маталка додека шеќерот не се растопи. Процедете го топлиот крем низ цедалка , а потоа преливајте го преку јајцата нежно, постојано мешајќи со маталката. Распоредете ја смесата во огноотпорни калапи во тавата со вода. Печете 15 минути, а потоа засилете ја рерната на 160 степени уште 10 минути додека не се фати кора.

Оставете десертот да се излади и пред послужување посипете го со по 2 лажички шеќер секој. Ефектот бруле се постигнува со фламбирање со специјален пиштол на висока температура или едноставно се запекува на горниот греач во рерна на висока температура.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This