Овошен леб

Чај во 17:00 ❤

Приказната за најпознатата британска традиција…

Идејата за топол чај, послужен со други закуски, дојде кај војвотката од Бедфорд едно попладне кога се почувствува слаба. Бидејќи била позната во општеството како дружеубива фигура, војвотката од Бедфорд ги поканила роднините на овој чај послужен ад-хок, помеѓу главните оброци на денот. Така, овој чај наскоро стана табу, што целото благородништво го прифати со голем ентузијазам.

Наскоро, обичајот го имитираа и други дами од лондонското високо општество, кои започнаа да создаваат специјална облека за оваа рутина. Чајот започнал во 4 и завршил во 5, па оттука и името.Пијалокот се подготвува и во порцелански или сребрен чајник, истурајќи во фини порцелански чаши…

Овошен леб

Состојки:

  • 3 јајца
  • 120гр.шеќер
  • 150мл.млеко
  • 50 гр.путер
  • 250 гр.брашно
  • ½ кесиче прашак за печење
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 200гр.суво овошје
  • 150 гр.ореви,бадеми
  • Рум
  • Цимет
  • Мушкатно оревче
  • Кора од портокал

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот убаво како за торта. Се додава омекнатиот путер, млекото, брашното, пецивото и сода бикарбоната. Се сецка сувото овошје (кајсии, брусници, суво грозје) и се преливаат со рум. Се сецкаат на покрупно оревите и бадемите.Се додаваат зачините.Тестото се пече во правоаголна модла предходно намастена со путер и набрашнета на 180 степени 45 минути.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This