Лисната пита со сирење по рецептот на мајка ми со вкус и мирис од детството. Кога веќе вкусовите и мирисите не можам да си ги купам, засукувам ракави и си ја правам оваа пита или како уште ја нарекуваат Сеченица… Рецептот е од баба ми оригинален, мајка ми често ја правеше, па еве и дојде редот и јас, па здравје Карина на своите деца и така семејната традиција продолжува…❤️
Следи ме
Популарни рецепти
Лисната пита со сирење
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 3 дл. млака вода
- 1 јајце
- 1 лажица сув квасец
- 1 лажиче сол
- Маст
Фил:
- 400гр. сирење
Подготовка:
Се замесува тесто со брашното и останатите состојки.Тестото се дели на 24 топчиња. Секое топче се расукува во облик на тањир округол и се мачка со маст и се составуваат 3 ( едно врз друго) третото (горно не се мачка). Постапката се повторува 8 пати. Во округол плех намачкан се расукува кора од првите 3. Се прска со маст и дробено сирење. Постапката се повторува и со следните 7 меѓу секое издробено сирење. Питата се сече на коцки и се прска со маст. Се остава да скисне 30 минути. Се пече на 200 степени.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















