Денес е многу топло.Не ми се готви нешто посебно, а ни се најавија гости во двор.Ќе направам даска со разни парчиња кашкавал, убава пршута ќе купам од деликатесна продавница и се мислам уште нешто за со вино.Тарт! Може да се приготви во голема модла за Тарт и да се сече како парче торта или како јас ги направив во помали модли. Ги купив во Милано, во Italy деликатесната продавница.Ја обожувам.Би можела цел ден да го поминам во дегустација или разгледување на деликатесни италијански премиум производи. Како во библиотека се осеќам таму. Едвај чекам повторно да одам. И гарант нешто ќе си купам. Многу е полесно дното на модлата да може да се извади од обрачот за полесно да излезе тартот. Тестото е исто и за солени и благи варијанти.Во зависност од филот со што се полни. Го сакам во сите варијанти. А и многу ми е декоративен овој рецепт. Во голем тањир сервиран со свежа рукола или босилок. Врв!
Следи ме
Популарни рецепти
Мини Тарт
Состојки:
- 175гр. брашно
- 100гр. путер
- 1 жолчка
Фил:
- 200гр. панцета, сланина на коцки
- 2 јајца
- 2 жолчки
- 200мл. павлака течна за готвење
- 200мл. павлака со 20% масленост
- сол
- бибер
- мушкатно оревче
Подготовка:
Брашното се замесува со путерот и жолчката.Тестото се остава во фрижидер половина час. За тоа време се запржува сланината и се става на салвета да ја упие маснотијата.Се матат јајцата, жолчките, се додава павлаката за готвење и киселата павлака.Во модла за тарт или мини модли се намастуваат со путер и се обложуваат со тестото. Се покриваат со хартија за печење и се ставаат зрна ( грав, леќа..) се пече 15минути на 180степени. Се вадат зрната и тестото се потура со сланината и течниот фил. Се пече уште 20 минути на 160 степени и при крај се наросува со рендан пармезан или кашкавал. Се запекува уште 5 минути.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















