Похован кашкавал

Ми се пријаде похован кашкавал.Некако тоа на свадба ме асоцира, со пирошка. Во Унгарија го има во секое мени во ресторани и се служи како главно јадење со прилог ориз. Не е лошо и во двете варијанти, како предјадење или главно јадење. Сосот е доматен со лук и босилок. Како за петок и не е така лоша идеа. Прсти да излижеш…

Похован кашкавал

Состојки:

  • 500 гр. кашкавал
  • 2 јајца
  • 200 гр. презли
  • Масло за пржење

Подготовка:

Кашкавалот се сече на парчиња, се похува, прво во јајце па во лебни трошки или како ги викаме презли и се пржи во масло на умерена температура. Се оставаат на салвета да го упие маслото. Во прилог се служи со тартар сос од мајонез и рендани кисели краставички или доматен сос.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This