Драги мои хедонисти, комбинацијата од чоколадо и афион прелиена со џем од кајсии е “must have” за уживање … Во последно време во мода е да се јаде чија семето како здрава намирница, а афионот некако падна во втор план. И двете намирници се пребогати со Omega 3 и Omega 6 масни киселини и се одличен извор на протеини и влакна. Јас лично чијата ја јадам за доручек потопена во бадемово млеко како пудинг, а афионот го сакам во класични десерти. Многу рецепти сум испробала ама како што овој ми легна ниеден до сега. Нема брашно, лесно и брзо се прави, сочен, а не многу благ. Дефинитивно заслужува да се запише на блогот во омилени …
Следи ме
Популарни рецепти
Ретро торта со афион
Состојки:
- 6 јајца
- 130 гр. шеќер
- 180 гр. путер
- 280гр. мелен афион
- 2 реда рендано чоколадо за готвење
- 1 лажица Рум
Глазура
- 100 гр. Чоколадо
- 1 кафена лажица шеќер во прав
- 3 лажици масло
- Џем од кајсии за премачкување
Подготовка:
Најпрво се матат жолчките со шеќерот убаво како за торта. Се додава омекнатиот путер, афионот, ренданото чоколадо (јас го растопив во микро) и румот. Се матат убаво белките и се мешаат со филот. Напомена за младите домаќинки дека белките постепено се додаваат и рачно со шпатула овлаш се мешаат масата да остане воздушеста. Се пече на 180 степени во предходно намастен калап со обрач за торта број 26. Печената торта се премачкува со џем од кајсии и се враќа во изгасената рерна уште 3 минути да се засуши. Тортата се прелива со чоколадната глазура и остава убаво да се излади.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти
















