Крофни

Денес ако нема крофни да се купат не знам што има. Со дупче во средина, со чоколаден прелив, со цимет, кокос, сецкани лешници…ама како овие што ги направив по рецепт на мајка ми Тања, ќе се лути сега, ќе ми рече што ме спомнуваш, не сум јас веќе мајстор, ти поубаво правиш од мене 😊За мене поим за крофна е шуплива внатре, кога ќе каснам да има дупка, да мириса на рендана кора од лимон, да не се многу масни и тестасти.  Морам да ви признаам не се лесни за правење… ама вреди човек да се потруди. Децата ги викаат крофните на баба Тања…

И се јавувам на мајка ми и и викам поубави Крофни во живот не сум направила.. Маргарита тебе се ти успева, ти не се секираш како ќе ти излезат, тебе ти е важен уметничкиот момент. Има право…Се е до мотивацијата…❤

Крофни

Состојки:

  • 1 коцка квасец ( 40 гр.) стасува во
  • 200 мл. млако млеко со
  • 2 лажици шеќер и  се меси со
  • 900 гр. брашно
  • 3 јајца
  • 100 гр. омекнат путер и
  • 100 мл. вода и
  • малку сол
  • Кора од рендан лимон
  • Масло за пржење
  • Шеќер во прав

Подготовка:

Квасецот стасува во млекото со шеќерот,се додава брашното, јајцата,путерот, водата и малку сол. Се додава кора од рендан лимон. Се меси тестото рачно или  во миксер. Тестото стасува, се расукува кора со  дебелина 1 прст, се сечат кругови со модла или чаша и се оставаат да стасаат уште 20 минути. Во загреано масло се пржат. Во маслото се спуштаат од обратната страна од каде што лежеле. Додека се пржат се прскаат со лажицата зејтин, така растат.

Пржените крофни се ставаат на салфетка да се упие маслото и додека се сеуште топли се валкаат во шеќер во прав.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This