На секое мени го има Гулашот. Традиција е, историја, минато и сегашност. Нема сезона, се јаде и во зима и во лето. Се прави со различни видови на месо, сум пробала со дивеч, срна и исто е многу вкусно, но оригиналниот рецепт е со телешко месо.Морав да се потрудам да направам највкусна Гулаш супа, ама да биде онака пикантна, црвена, права маџарска. Ако не знаеш види на You Tube како се прави ми вика Мартин. Не ми е лесно….🙂
Тип: За подготовка на Гулаш треба време. Во тоа е и убавината кога се шири миризбата низ цела куќа, а сите гладни чекаат…
За десерт Унгарците јадат палачинки.

















