Ratatouille

Не сакам да пишувам странски имиња ама не знам како да го преведам Ratatouille (rat-a-too-ee) само знам дека ми е омилено летно јадење.Рецептот е француски од Ница.

За ова превкусно француско јадење не знаев додека не го гледав истоимениот цртан филм. Без оглед на годините ви го препорачувам да го гледате. Ratatulle потекнува од француската регија Provanse,и долго време се сметало за “селско јадење” или ” сиромашно”. Тоа е  се се само не тоа😊. Лесно се припрема, по оригиналниот рецепт не оди месо. Bon Appétite…

Ratatouille

Состојки:

  • 500гр. модар патлиџан
  • 500 гр. тиквици
  • 500гр. домати
  • 1 конзерва домати
  • Лук
  • Сол
  • Бибер
  • Босилок
  • Мајчина душица
  • Маслиново масло

Подготовка:

Прво се подготвува доматен сос. Се запржува на маслиново масло  помала главица кромид ситно исецкана, се додава лук исто сецкан и домати.Јас употребив конзерва со сецкани лупени домати. Се динста и се става како подлога во керамички  или стаклен огноотпорен сад. Зеленчукот не се лупи. Се сецка на тркала, пожелно е  иста големина модар патлиџан, тиквици, домати. Се редат на доматениот сос во круг. Се посолуваат, и се попрскуваат со маслиново масло. Јас употребувам обавезно свеж босилок и мајчина душица.Се пече 30 минути на 200 степени  завиткано во фолија и 15 минути се запекува без фолија.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This