.
Добредојдовте!
Според македонската традиција, по примерот на нашите баби и дедовци кога ќе дојдат гости дома се пречекуваат со домашно слатко, кафе и вода. И така останало од памтивек. И трае…
Добредојдовте на мојот блог!
Маргарита
МОЈАТА ПРИКАЗНА
Патувањата, уживањето во убави работи, голем авантурист, хедонист по природа, постојано трагајќи по нови авантури и предизвици, пред повеќе од 15 години судбината од Скопје, Македонија ме однесе да живеам во Унгарија во прекрасната Будимпешта. По професија сум адвокат, а готвењето ми е страст и љубов. Створив прекрасен дом и семејство. Мојата најголема инспирација се Карина и Мартин. Мамо, зошто да купуваме кога ти поубаво правиш… ,мамо од каде знаеш волку убаво да готвиш…мамо можеш ли да ми направиш пита со јаболка како баба му на Арон…
Идејата за блогот ја добив од моите најблиски. Телефонот постојано ми sвонеше, се разбира кога не треба, диктирав рецепти од кола или на улица или едноставно раскажував за авантурите што ги носи денот. Сакам добра фотографија поготово за храна затоа што јас јадам со очи. Уживам кога правам торти, колачи, пецива и во нивно креирање , но исто така уживам да испробувам и други рецепти од други кујни. Човек учи додека е жив и многу пати ми се случува тестото да не можам од прсти да го одлепам, фил кој ќе ми се растече повеќе на земја отколку на тортата, камен тврди бисквити, и на крај фотографија која не е ни приближно добра каква што посакувам…
Мојата мисија е да се доближам до луѓето секаде низ светот, да го доживеат шармот и егзотиката на Балканот, да уживаат во царската монархија, да патуваат со мене и да се чуствуваат како дома секогаш и во секое време кога ќе го посетат мојот блог. Јас верувам дека најдобар начин да се доближиш и го запознаеш народот, неговата култура и традиција е и преку кујната.
Уживајте во моето гастрономско патување..
Со љубов,
Маргарита




